Zylfije Adem Jakupi
21 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ПРИШТИНА (AA) - Владата на Косово вечерва ги укина таксите од 100 отсто на увоз на суровините од Србија и Босна и Херцеговина (БиХ) а од 1 април таксите се укинуваат потполно и се воведува реципроцитет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според одлуката на Владата, таксите на увоз на суровините се укинуваат веднаш, додека од 1. април таксите ќе бидат потполно укинати на почеток со примена на полн реципроцитет по сите прашања со Србија и БиХ.
Одлуката на социјалните мрежи ја потври премиерот Курти.
„Изгласана е со 10 гласови за и со два воздржани одлуката за ослободување од сто отсто на таксите увоз на суровините од Србија и БиХ. Вечерва од 24 часот ќе бидат отворени шесте гранични премини помеѓу Косово и Србија за увоз на суровините. До први април Владата на Косово ќе донесе уште една одлука за воведување мерки на реципроцитет наместо 100 отсто такси", напиша Курти.
Како што пренесуваат косовските медиуми, за одлуката гласаа министрите од Самоопределување и министерката Емилија Реџепи. Министрите од Демократскиот сојуз не гласаа, а двајца српски министри беа воздржани.
Косовскиот премиер Албин Курти кон крајот на февруари најави дека Владата на 15 март ќе почне постапно и условено да укинува такси, меѓутоа на тој предлог му се спротивстави Демократскиот сојуз на Косово, кој е коалиционен партнер на Движењето „Самоопределување".
Демократскиот сојуз на Косово, на чие чело е Иса Мустафа, побара потполно укинување на таксите, како што тоа од Косово го бараа Соединетите Американски Држави.
Претходно денеска Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) соопшти дека е предадено барање на Собранието на Косово за изгласување на недоверба на Владата на Косово предводена од премиерот Курти.
Поранешната Влада на Косово, на чело со премиерот Рамуш Харадинај во ноември 2018 година ги воведе таксите. Србија по воведувањето на таксите го прекина дијалогот со Косово, кој во Брисел се водеше со посредство на Европската унија, условувјќи го продолжувањето на дијалогот со укинувањето на таксите.