Husamedin Gina
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 672 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 160.571, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 5 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи предизвикани од заразувањето со коронавирусот се искачи на 5.532.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 35 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени лица изнесува 150.670.
Во Северна Македонија има 4.369 активни случаи на заразување со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.770 тестирања за Ковид-19, вкупно 1.046.042 тестирања од почетокот на епидемијата во земјата.