Andjelija Stojkovic
26 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа во Србија од последиците на коронавирусот починаа 16 лица, регистрирани се 3.339 нови случаи на заразени, а тестирани се 14.128 примероци, јавува Агенција Анадолија (АА).
На официјалниот сајт covid19.rs денес се наведува дека на болничко лекување се наоѓаат 3.876 лица заразени со коронавирус, од кои на респиратор се поврзани 159 лица.
Вкупниот број на починати од последиците на вирусот во Србија изнесува 4.414, а процентот на смртност е 0,97 отсто.
Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 453.240 лица позитивни на коронавирус, а тестирани се 2.917.578 примероци.