Andelija Stojkovic
02 Март 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа во Србија од последиците на Ковид-19 починаа 16 лица, а откриени се 4.157 нови случаи, а тестирани се 16.743 примероци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како се наведува на сајтот covid19.rs, на болничко лекување се наоѓа 4.031 пациент, а респираторите ги користат 168 лица.
Вкупно починаа 4.475 лица, а процентот на смртност изнесува 0,96.
Од почетокот на епидемијата се регистрирани 466.885 случаи, а тестирани се 2.970.536 примероци.