Bojana Stojanovic
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
БЕЛГРАД
Во Србија 56 лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, регистрирани се 6.557 новозаразени, а до денес се хоспитализирани 8.209 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 226.209 случаи на заразување.
Од вчера, тестирани се 15.697 лица, од кои 6.557 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа 56 лица, со што бројот на починатите до сега се зголеми на 2.005. Процентот на смртност изнесува 0,89 отсто.
На респиратори се 283 пациенти.
До сега се тестирани 1.915.643 граѓани.