Andjelija Stojkovic
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска најави дека во понеделник, 13 март, ќе го свика Советот за национална безбедност поради барањето на Собранието на Косово за прекинување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, барањето за прекин на дијалогот ја покажува јасната решеност на Приштина противправно да продолжи со формирањето на Војската на Косово, кое што, се вели во соопшетението, намерно и свесно ги поткопува мирот и стабилноста.
Во соопштението се додава дека целта на состанокот е во новонастанатите околности на најдобар начин да се зачува мирот и стабилноста, како предуслов за напредокот на Србија.
Косовското собрание ја усвои денес со само еден глас против, Резолуцијата за безусловно ослободување на Рамуш Харадинај во постапката којашто се води против него во Франција, по повод барањето на Србија за екстрадиција врз основа на обвинението за воени злосторства извршени во Косово во 1998 и 1999 година.
Во Резолуцијата, освен безусловното ослободување на Харадинај, се бара и замрзнување на дијалогот меѓу Белград и Приштина до враќањето на Харадинај во Косово.