Zülfiya Yakup
15 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, упати честитки до претседателот на Косово, Хашим Тачи, и до целиот народ на Косово, по повод 11-годишнината од независноста на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Трамп ги охрабри граѓаните на Косово да се фокусираат на зачувување на демократските принципи, јакнење на владеењето на правото и унапредување на економските и трговските можности.
„Најважно е Косово и Србија да ги нормализираат односите, што е клучно за западната интеграција на Косово. Ние, заемното признавање го гледаме како темел на нормализираните односи и како основа за секое сеопфатно решение. Соединетите Американски Држави остануваат партнер на сите оние што ги делат тие вредности и спремни се за извршување на напорната работа потребна за сегашниот и идниот успех на Косово“, наведе Трамп во писмото.