Figen Shaban
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
ПРИШТИНА (АА) - Турскиот фондација „Mаариф" и „International American Academy of Kosovo" (IAAK) потпишаа договор за соработка со кој се отвора патот за почетокот на активностите на оваа фондација во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Протоколот за соработка во име на Фондацијата „Маариф" беше потпишан од страна на Јунус Торпил и Ахмет Туркбен, членови на Управниот одбор на оваа институција, како и во име на IAAK од координаторот на колеџот, Аземине Кукај-Кајоши.
Протокол значи почнување на првата активност на „Маариф" во Косово, каде што освен продолжувањето на работата, се очекува колеџот IAAK да ги подигне академските стандарди, применувајќи образовните и наставните стандарди на фондацијата „Маариф".
Во говорот по овој повод, Туркбен рече дека со овој протокол тој смета дека образованието ќе биде обезбедено на високо ниво.
Истакнувајќи дека фондацијата „Маариф" ќе работи на зголемување на физичките стандарди на училиштето земајќи ги во предвид и актуелните, Туркбен рече: „Заедно со овој протокол, Маариф го започна својот пат во областа на образованието во Косово. Ние ќе работиме со образовниот кадар и управниот персонал во училиштето за да се зголеми и понатаму квалитетот на наставата. Оваа соработка ќе биде почеток на сите убави работи за Косово, Балканот, Турција и овој регион, кој е во нашите срца.“
Од друга страна, Торпил во својот говор рече дека фондацијата „Маариф" ќе почне да работи во областа на образованието оваа година во половина од земјите на Балканот.
„Се надеваме дека овој почеток тука во областа на образованието ќе го опфати целиот Балкан. Се надевам и верувам дека нашата иницијатива ќе биде во корист на граѓаните на Косово и нејзинита иднина, во корист на Балканот и на целото човештво“, рече Торпил.
Во меѓувреме, поздравен говор на отворањето одржа и координаторот на IAAK, Аземина Кукај-Калоши, која го опиша протоколот за соработка како историски и посебен.
Нагласувајќи дека нивната главна цел е да се зголеми квалитетот на образованието и соработката со институциите од оваа природа, Калоши додаде: „Маариф, иако има кратко минато, успеа да покаже дека е сериозна институција и се докажа во оваа област. Во исто време, имаме доверба во оваа фондација, а ова сигурно имаа поврзаност со турското Министерство за образование. Во овој контекст, тоа е институција која се покажа на меѓународната арена.“
Калоши исто така рече дека нивниот пат во областа на образованието ќе продолжи на професионален начин и дека оваа активност е важна за Косово и за Балканот.