Vesna Besiç
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
САРАЕВО (АА) - Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), Игор Црнадак денес ја посети канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Сараево (сервис на AA на босански, српски и хрватски јазик), каде што на членовите на редакцијата им ја честиташе петтата годишнина од успешното работење, јавува Anadolu Agency (AA).
Добредојде на шефот на босанската дипломатија, во име на канцеларијата на АА во Сараево му посака и директорот Хакан Челик, кој го информираше во врска со работата на агенцијата.
Министерот за надворешни работи на БиХ изјави дека БиХ е меѓу првите земји што реагираа на 15. јули, во ноќта на обидот за државен удар во Турција.
Тој зборуваше и за автопатот Сараево – Белград, кој ќе биде финансиран од страна на Република Турција, а за него вели дека претставува проект на иднината.
Министерот за надворешни работи го честита и 8. Март – Меѓународниот ден на жената и порача дека е време за вистинска рамноправност на жените.
„Тоа значи, тоа се случува целата година, за да биде составен дел од животот, а не да се чека еден ден за да се надомести сето она што не е добро во односот кон жените во претходните 364 дена“, изјави Црнадак.
Тој изјави дека жените се добри соработници, дека најчесто се многу вредни и посветени на работата.
„Можам само да им го честитам 8. Март и денес да си поминат убаво“, додаде Црнадак.
Хакан Челик, директор на Канцеларијата на АА во Сараево, потсети дека АА емитува вести на 11 јазици.
Тој посочи дека канцеларијата на АА во Сараево, на 11. март слави пет години од своето работење, како и дека АА е присутна во сите балкански земји каде што има вработени и претплатници.
„За нас е важна професионалноста“, порача Челик.