Elif Ferhan Yeşilyurt,Bahar Kara
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Еден од најважните настани за златарскиот сектор во Европа и на Блискиот Исток, Истанбулскиот саем за накит, започна во Саемскиот центар, јавува Аnadolu Agency (AA).
Меѓу предметите кои се изложени на саемот се наоѓа и египетската пирамида од злато со тежина од 157 килограми, 20-каратен дијамантски прстен во вредност од 300.000 евра, како и ножеви украсени со скапоцени камења. Важи за петти најголем саем во светот кога станува збор за накит.
Шермин Џенгиз, една од организаторките, рече дека на саемот учествуваат 1.250 домашни и странски компании. Според неа, во последните пет години, повеќето посетители се од Иран.
Говорејќи во врска со безбедноста на саемот, Џенгиз објасни дека по тоа прашање се разликуваат од останатите саеми за накит.
"На саемскиот простор се наоѓа цивилна и специјална полиција. Поради развојот на настаните во последните неколку месеци е зголемен бројот на безбедносните сили", рече таа. Таа истакна дека на самиот влез се контролираат и учесниците на саемот. Саемот завршува на 13 март.