Dilara Zengin Okay
03 Април 2025•Ажурирај: 04 Април 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Отпуштањата објавени од работодавците со седиште во САД заедно со отпуштањето на вработените во федералната влада на барање на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) за да се намалат владините трошоци, изнесуваат 275.240 во март, што претставува зголемување од 60 % во однос на претходниот месец, известува Анадолу.
Консултантската компанија ‘Challenger, Grey & Christmas’, која води евиденција за најавени или одобрени отпуштања, го објави својот извештај за март.
Според овој извештај, работодавците со седиште во САД објавија дека во март биле отпуштени 275.240 луѓе.
Ова е забележано како највисоко ниво од мај 2020 година, кога имало 397.016 отпуштања, поради ефектот на епидемијата „Ковид-19“. Покрај тоа, ова е трет највисок вкупен отказ на месечно ниво во историјата.
Додека отпуштањата во март се зголемени за 60 % во однос на претходниот месец, тие се зголемени за 205 % во однос на истиот период лани.
Во првите 3 месеци од годинава отпуштањата се зголемени за 93 % во однос на истиот период од 2024 година и изнесуваат 497.052.
Најголем број отпуштања во март имало во јавниот сектор.
Оваа година „ефектот ДОГЕ“ се најде на прво место меѓу причините за отпуштања.
Отказите поради ДОГЕ изнесуваат 280.253, од кои 216.670 се во март.
Ендрју Челинџер, виш потпретседател на Challenger, Gray & Christmas, изјави дека минатомесечните најави за отпуштање биле под влијание на плановите на DOGE за елиминирање на позициите во федералната влада.