Ekrem Biçeroğlu
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
РАМАЛА (АА) - Европската Унија (ЕУ) сподели порака со сочувство поради застрелувањето на Палестинката Гаде Себатин од страна на израелските сили на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката објавена на твитер-профилот на ЕУ се наведува дека се запрепастени поради тоа што Палестинката е убиена од израелските безбедносни сили во близина на Витлеем.
„Изразуваме најискрено сочувство до семејството на Палестинката“, се нагласува во пораката.
Исто така, се нагласува дека употребата на прекумерна и смртоносна сила врз невооружен цивил е неприфатлива и дека се бара итно да се истражи инцидентот и сторителите да се изведат пред лицето на правдата.
Палестинскиот премиер Мухамед Иштије, осудувајќи го убиството на Палестинката од страна на израелските војници во близина на градот Витлеем, ја повика меѓународната заедница да го запре Израел.
Палестинката загина како резултат на оган отворен од израелските сили во близина на џамијата „Харем-и Ибрахим“ во градот Хеброн.
Очевидците истакнаа дека израелските сили отвориле оган врз Палестинката со вистински куршуми и дека тешко повредената жена ја оставиле искрварена на местото на несреќата.
Исто така се додава дека израелските сили ја прогласиле областа за „затворена воена зона“ и спречиле медицинските тимови да влезат на местото на настанот.
Според вестите во палестинските медиуми, починатата Палестинка имала 6 деца.
И израелскиот весник „Хаарец“ напиша дека жената не претставувала закана за војниците и дека во раката немала нож или оружје.