Halil İbrahim Sincar
23 Февруари 2022•Ажурирај: 24 Февруари 2022
МАРДИН (АА)
‒ Халил Ибрахим СИНЏАР
Во историскиот град Мардин, објект стар речиси 300 години, претворен во книжарница за продавање на користени книги, покрај љубовта кон книгите, кај луѓето ја всадува и љубовта кон животните.
Историскиот објект, сместен во централниот кварт Артуклу во Мардин, со проектот што го спроведе Градскиот музеј во 2018 година, служеше како библиотека за деца две години.
Езги Тек, жителка на градот и љубителка на книгите, во тој период работела како продавачка на користени книги на мал простор недалеку од библиотеката.
По завршувањето на проектот, Тек го изнајми објектот како приватно лице и го преобрази во книжарница на користени книги по име „Кебикеч“.

Во книжарницата на користени книги, во која се изложени над 5.000 книги, покрај за „книжните молци“, вратите на објектот се отвори и за околу 15 улични мачки.
Книжарницата на користени книги сместена во историската зграда, за која жените и децата придаваат особен интерес читајќи книги и давајќи им ја својата љубов на мачките, ги пречекува и домашните и странските туристи кои доаѓаат во градот.
Во книжарницата, покрај книгите за деца, изложени се и книги за уметност, историја и личен развој.
- „Имаме посетители кои доаѓаат само заради мачките“
Езги Тек за Агенција Анадолија (AA) рече дека таа е првата жена книжар во Мардин, и додаде дека љубовта кон книгите, која започнала кај неа уште од детството, ја довлечкала до една ваква приказна.
Раскажувајќи дека со приходот од продажбата на околу 20 пакети со сопствени книги формирала книжарница, Тек рече дека книжарницата со тек на времето се развила и се трансформирала во книжарница на користени книги која опстојува во историскиот објект, простор каде што и возрасните и децата и мачките можат да го поминат времето исполнето со задоволство.

„Во средина опкружена со книги и мачки сакавме да бидеме пример за децата, подигнувајќи ја свеста за читање“, рече Тек, и додаде дека благодарение на тоа што ги отвориле вратите за мачките, кај децата ја всадиле љубовта кон животните.
Објаснувајќи дека со покажувањето сочувство кон мачките се пример за децата, Тек истакна: „Децата ги учиме дека животните нема да им наштетат, да ги повредат, дека се скапоцени и дека треба да се грижат за нив. Оваа средина дава добар пример за тоа. Мачките слободно шетаат низ собите, на покривот и во дворот. Мачките ги даваме во семејства кои можат добро да се грижат за нив.“
Посочувајќи дека покрај големиот интерес за книгите, постои и голем интерес за мачките, Тек продолжи со зборовите: „Имаме посетители кои доаѓаат само за мачките. Искрено, ова е убаво место на кое се собираат децата, возрасните, книгите и животните. Ги очекуваме и децата и возрасните да дојдат тука, да читаат книги и да ги сакаат мачките, пиејќи го својот чај.“

- „Мојата љубов кон читањето беше голема, со тукашните мачки се зголеми уште повеќе“
Десетгодишната Асмин Мерјем, една од редовните посетители на книжарницата, изјави дека често доаѓа во книжарницата со својата мајка.
Зборувајќи дека е многу убаво да се читаат книги покрај мачките, Мерјем рече: „Уште поубаво е да ги сакаш мачките додека читаш. Мојата љубов кон читањето беше голема, со тукашните мачки се зголеми уште повеќе. Мислам дека секој треба да чита книги и да ги сака мачките.“
Рахиме Појраз рече дека книгите и мачките создаваат убава атмосфера во историскиот објект.
Изјавувајќи дека ужива во можноста да чита книги и да биде заедно со мачките, Појраз рече: „Не ни пречат мачките, многу ни е мило што ги гледаме тука. Многу се слатки. Кога и љубовта кон книгите и љубовта кон животните се на едно место, има поголемо значење. Пред вратата оставаме сад со храна и вода. Да им помогнеме колку што можеме.“

- „Рај за љубителите на мачки и книги“
Елиф Ерџан, која живее во Германија, а се наоѓа во посета на Мардин, изјави дека била многу импресионирана кога ја видела книжарницата на користени книги во која се поврзани мачките и книгите.
„Многу убава и интересна средина. Рај за љубителите на мачки и книги“, рече таа.