Furkan Abdula
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - ФУРКАН АБДУЛА -
Часовничарите кои речиси половина век се занимаваат со оваа професија во Скопје, му пркосат на времето со желба овој занает да не исчезне.
Фадил Идриз, 58-годишен часовичар, е еден од оние коишто се обидуваат да ја сочуваат оваа професија во Скопје.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), тој раскажа дека повеќе од 40 години се занимава со часовничарскиот занает во Старата скопска чаршија, уште од својата рана, 13-годишна возраст, кога започнал како чирак.
Во неговата работилница во која се наоѓаат голем број стари часовници, тој од 1973 година се обидува „речиси да ги оживува часовниците“ кои му ги носат за поправка.
- Традицијата мајстор-чирак -
Меѓу другото, во разговорот тој се осврна на традицијата мајстор-чирак, и потсети дека порано занаетчиите можеле да станат мајстори по еден 5-6-годишен период како чирак и калфа.
Идриз раскажа дека часовничарскиот занает го научил од неговиот драг мајстор часовничар, инаку Македонец, кај кого работел три години како чирак, и три години како калфа.

Часовничарот Идриз потсети дека овој занает го научил откако работел три години како чирак, и три години како калфа кај мајстор часовничар од Скопје од христијанска вероисповед.
„Точно шест години работев за мојот мајстор. Во 1979 година ја зедов оваа диплома за часовничар и до денес продолжив со овој занает“, рече Идриз.
Идриз вели дека оваа професија бара голема прецизност и трпеливост, и додаде дека секој не може да ја работи.
„Бидејќи овој занает е многу презицен, човекот којшто се занимава со оваа професија не треба да биде нервозен. Нервозните луѓе не можат да го работат овој занает“, истакна тој.
- Механичките часовници веќе губат вредност -
Идриз потсети дека во Скопје пред 30 години имаше 45 часовничари што го работеа овој занает, и дека во последните 10-15 години со појавата на електронските часовници оваа бројка е намалена.
Нагласувајќи дека со појавата на електронските часовници, механичките часовници ја изгубиле својата вредност, тој рече дека денес во Скопје постојат околу 12 лица што се занимаваат со овој занает, и дека половина од нив вршат само продажба, а останатите се занимаваат со поправка на часовници.

Идриз вели дека претходно дневно поправал најмалку 15-20 часовници, додека сега поправа само 2-3 часовници. Како што рече Идриз, часовниците што му ги носат за поправка обично се донесени за поправка на скршено стакло, остарен каиш или менување на батеријата.

- Овој занает никогаш да не исчезне -
Идриз им препорача на младите да се занимаваат со овој занает кој се соочува со исчезнување.
„Јас велам дека младите треба да продолжат, за да овој занает не исчезне никогаш“, порача часовничарот Идриз.
Идриз додаде дека сепак, младите не се насочуваат кон оваа професија која бара прецизност и трпеливост, и дека не сакаат да се занимаваат со овој занает.