Islam Doğru
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ЊУЈОРК (АА) – Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа е потврден 1.481 смртен случај од последици предизвикани од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати е зголемен на 83.491, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД, кои се најмногу погодена земја од Ковид-19 во светот, и понатаму се епицентар на вирусот и земја во која се потврдени најголем број смртни случаи.
Податоците на „Worldometer“, интернет страница на која се достапни последните епидемиолошки податоци од светот, се наведува дека во САД во последните 24 часа се регистрирани 22.031 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што бројот на заразени е зголемен на 1.410.168.
Од друга страна, во последното деноноќие битката со вирусот ја изгубија 1.481 лице, со што вкупната бројка на починати се искачи на 83.491.
Од вирусот низ целата земја се излекуваа 298.593 лица.
Њујорк е најмногу погодена сојузна држава во САД, досега се заразени 348.655 лица, а починаа 27.175 лица.
Следуваат Њу Џерси со 142.079 и Илиноис со 83.021 дијагностицирани случаи на Ковид-19.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Шпанија (над 271 илјади) и Русија (над 242 илјади).