Bojana Stojanovic
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште две лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а заразени се уште 52 лица, со што бројот на заразени денес се зголеми на 10.295, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера се тестирани 5.299 граѓани, а 52 од нив се позитивни на вирусот.
Хоспитализирани се 992 пациенти, а на респиратор се 22 пациенти.
Во претходните 24 часа, од последиците на Ковид-19 починаа уште две лица, што значи дека досега починале 222 лица. Процентот на смртност изнесува 2,16 отсто.
Досега се тестирани 156.603 граѓани, а излекувани се 3.824 лица.