Mustafa Deveci
01 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Израел, каде што живеат речиси 9,3 милиони луѓе, првата доза од вакцината против коронавирусот ја примија повеќе од 10 проценти од населението, јавува Агенција Анадолија (AA).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека првата доза на вакцина развиена од „Фајзер“ и „БајоНТех“ ја примиле милион луѓе.
Во својата изјава тој истакна дека Израел успешно го спроведува процесот на вакцинација и напомена дека за да се стави пандемијата под контрола треба да се вакцинираат 5,5 милиони Израелци.
Во Израел на 20 декември започна процесот на масовна вакцинација, а најпрво се вакцинирани здравствените работници и лицата постари од 60 години.
Според податоците на Министерството за здравство, првата доза од вакцината ја примија 41 процент од лицата постари од 60 години.
Во Израел, од почетокот на епидемијата во земјата заразени се 426.749 лица, од кои 3.338 ја изгубија битката со Ковид-19.