Abdulkadir Karakaya
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА (АА) - Ирскиот спортист, боксерот Конор Мекгрегор, донираше лична заштитна опрема за борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во вредност од 1 милион евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мекгрегор на својот профил на социјалните мрежи ја сподели својата преписка со ирскиот министер за финансии, Паскал Донахју.
Ирскиот спортист соопшти дека купил лична заштитна опрема во вредност од 1 милион евра за да се дистрибуира во болниците кои водат борба против коронавирусот во регионот Лејнстер во неговата родна земја Ирска.
Поддржувајќи ги здравствените работници, Мекгрегор напиша: „Не знам каде би биле сега да не беа овие храбри луѓе.“