Islam Doğru
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 906 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 134.924 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 62.010 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 3.160.321.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 906 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 134.924.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.719.660 откриени случаи, Индија со 771.866 откриени случаи, и Русија со 707.301 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Тексас.
Во Њујорк откриени се 424.263 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.311 лица.
Во САД досега се направени над 39 милиони и 500 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 393 илјади.