Islam Doğru
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во последните 24 часа како последица на Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) починаа 841 лица, со што бројот на починати е зголемен на 123.500, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да биде земја со најмногу починати од вирусот.
Последните податоци на „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, се наведува дека бројот на заразените во последните 24 часа е поголем за 35.608 и изнесува 2.425.424.
Бројот на починатите во последните 24 часа е зголемен за 841 и изнесува 123.500.
По САД следуваат Бразил со 1.152.066 лица позитивни на коронавирусот, Русија со 606.881 и Индија со 461.828.
И покрај падот во бројот на новозаразените и нови смртни случаи на дневно ниво, Њујорк и понатаму е најпогодена сојузна држава во САД.
Во Њурјок досега се заразени 412.636 лица, а починаа 31.314.
Следуваат Калифорнија со околу 191.000 случаи и Њу Џерси со повеќе од 173.000 случаи.
Во САД на присуство на Ковид-19 се извршени околу 29.571.000 тестирања, додека бројот на оздравени надмина 1.020.000.