Kazım Bulut
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
БУРСА (АА) - Во подрачјето на Гемлик кое се наоѓа во турската област Бурса, 93-годишен пациент излекуван од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со аплауз беше отпуштен од болница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Реџеп Алтундаш (93) минатата недела се упати во државната болница во Гемлик поради различни здравствени проблеми.
По извршеното тестирање, кај него беше дијагностициран вирусот Ковид-19.
Алтундаш успеа да победи во борбата против овој вирус, а беше отпуштен од болницата со услов да биде во домашна изолација.
Тој со аплаузи беше отпушен од болница.
„Не излегував од дома. Не знам како се заразив со тоа (Ковид-19). Постојано бевме внатре“, рече Алтундаш во изјава за медиумите.
Покрај Алтундаш, од истата болница беа отпуштени уште 8 лица излекувани од Ковид-19.