Betül Yürük
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк утре, 16 октомври, ќе бидат изложени наградените фотографии на меѓународниот натпревар во фотографија „AA Istanbul Photo Awards 2017“, коj по третпат го организираше Anadolu Agency (AA).
Фотографиите наградени на престижниот натпревар и оваа година ќе им бидат претставени на љубителите на уметноста, но и на другите посетители кои ќе имаат можност да ги погледнат фотографиите од настаните кои ја одбележаа минатата година.
На отворањето на изложбата, чии домаќини ќе бидат заменик-генералниот директор на АА, Метин Мутаноглу, и заменик-претседателот на Управниот одбор на АА, Шабан Кизилдаг, ќе присуствуваат, меѓу другите, и постојаниот претставник на Турција во ОН, Феридун Синирлиоглу, генералниот конзул во Њујорк, Ертан Јалчин, претставници на постојаното претставништво и конзулатот, но и претставници на националните и меѓународните медиуми.
Изложбата ќе биде отворена до 27 октомври.
Спонзорите на натпреварот на кое беа наградени 22 фоторепортери од 17 земји беа „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
За фотографија на годината на третиот меѓународен натпревар „AA Istanbul Photo Awards 2017“ (АА Истанбул Фото Авордс 2017) меѓу пристигнатите 25.000 фотографии беше избрана „Бегство од ДЕАШ“, која во Ирак за „Paris Match“ (Париз Меч) ја сними Французинот Фредерик Лафарг.
Арис Месинис за серијалот фотографии со наслов „Смртта во Средоземното Море“, кој за сними за „AFP“, е најдобарата фотографија во категоријата „сериски вести“.
Фотографијата „Под површината“ на Адам Прити, за „Getty Images“ (Гети Имиџес), беше избрана како најдобра во категоријата „индивидуален спорт“, а серијалот фотографии од Патрик Смит, исто така за „Getty Images“, беше избрана за најдобра во категоријата „тимски спортови“.
Во категоријата „сериски портрети“ победник е Марија Гелман за серијата фотографии за жените жртви.
„Хранењето на сирачињата орангутани“ од Кемал Џуфри, е избрана за најдобра во категоријата „серија за природата и животната средина“, додека фотографијата „Голф теренот Папва Севголум“ на Џони Милер снимена за „Millefoto“ е прогласена за најдобра во категоријата „поединечни фотографии на природата и животната средина“.
Наградата за најдобар млад фоторепортер, ја доби фриленсерот од Газа, Хошам Салем, со фотографијата „Уличен тренинг во Газа“.