Zuhal Demirci
17 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
АНКАРА
МНР на Турција објави „Додека Турција во Либија спроведува легитимни активности, Франција исто како и во Сирија, води мрачни работи, олеснувајќи им ја работата на некои земји од регионот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со писменото соопштение Министерството за надворешни работи на Турција дава одговор на некои тврдења на Франција во врска со интервенцијата на Турција во Либија.
Во соопштението се вели „Во изјавата на француското министерство за Европа и надворешни работи како одговор на прашањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас за време на неговата посета на Париз, за ставот на нашата земја кон Либија се нов показател за темната и необјаснета политика на Франција кон Либија.“
Турското МНР истакнувајќи дека според дадениот одговор од страна на Франција може да се забележи дека таа не е за политичко решение, туку давајќи му поддршка на пучистичкиот Калифа Хафтар, сака да ја собори легитимната влада во Либијада и да воспостави авторитарен режим во земјата, во продолжение на текстот потенцира:
„Таквиот пристап на Франција го охрабри Хафтер да инсистира на воени методи, зголемувајќи ги страдањата и проблемите на либискиот народ. Најголемата пречка за воспоставување мир и стабилност во Либија е поддршката што Франција и некои земји им ја даваат на нелегитимни структури во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН “.
-„Всушност главна грижа се мрачните врски на Франција“
Во изјавата на турското МНР се вели дека додека Турција во согласност со одлуките на ОН на легитимната либиска влада, која е призната во меѓународната заедница и дала поддршка на нејзино барање, Франција, во спротивност со одлуките на ОН и НАТО, застанала покрај „пучист и нелегитимно лице“.
Во соопштението се истакнува: „Додека Турција во Либија спроведува легитимни активности, Франција исто како и во Сирија, води мрачни работи, олеснувајќи им ја работата на некои земји од регионот. Треба да загрижуваат токму овие темни врски на Франција. Неприфатлива ситуација е сојузник на НАТО да постапува на таков начин.“
Во соопштението на турското МНР се истакнува дека Турција ќе продолжи да дава поддршка на напорите за обезбедување траен мир и стабилност во Либија, спроведени под покровителство на ОН.