Mehmet Yılmaz
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
БУДИМПЕШТА (AA) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, откако референдумот за квотите за прифаќање на бегалците беше неважечки, рече дека резултатите од гласањето би требало да бидат внесени во Уставот, јавува Anadolu Agency (AA).
На вчера одржаниот референдум во Унгарија, излезноста беше помала од 50 проценти поради што референдумот не беше валиден.
Според квотите на ЕУ за разместување на бегалците во членките на Унијата од вкупно 160 илјади луѓе во Унгарија требаше да бидат сместени 1.294. Унгарските власти на 24 февруари одлучија да организираат референдум во врска со тоа прашање.
„Резултатите од гласањето се необични. Ги поминавме резултатите за гласањето за членство во Европската унија (ЕУ). На референдумот за членство, три милиони и 56 илјади рекоа 'да', а денеска три милиони и 204 илјади рекоа 'не' ", појасни Орбан.
Тој додаде дека излезноста е поголема за 15 отсто отколку на изборите за ЕУ.
Орбан истакна дека резултатите од референдумот е важечки и дека треба да се внесат промени во Уставот.
„Денес треба да го соопштиме ставот на луѓето и да го внесеме во Уставот", смета Орбан.
Националната изборна комисија на Унгарија соопшти дека излезноста на референдумот била 43,29 отсто и дека поради тоа не е валиден.
„Дали сакате ЕУ да распише обврзувачко населување на неунгарските државјани во Унгарија дури и без согласност на Парламентот", беше прашањето на кое со „да" или „не" можеа да дадат одговор околу 8,3 милиони Унгарци.