Ersoy Sevinç
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Заменикот-министер за европска интеграција на Турција, Али Шахин, во врска со терористичкиот напад во Газиантеп изјави дека „тероризмот го напаѓа целиот цвет" и дека поради тоа е потрeбно со „ладни глави" да се развијат нови стратегии во борбата против него, јавува Anadolu Agency (AA).
Шахин по посети местото на експлозијата и изјави дека минатата недела на еден состанок во Брисел изјавил дека „границите на Турција се истовремено и источна граница на ЕУ и дека ЕУ и Турција имаат одговорност да ги штитат тие граници".
Тој додаде дека, сè додека Газиантеп и Анкара, како и останатите градови во Сирија не бидат безбедни, нема да бидат безбедни ни Париз, Брисел ни Лондон.
Министерот за внатрешни работи, Ефкан Ала, го извести турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нападот во Газиантеп.
Ердоган изрази сочуство за смртта на полицајците, а на повредените цивили и припадници на безбедносните сили им посака брзо закрепнување.
Гувернерот на југоисточната турска провинција Газиантеп, Али Јерликаја, соопшти дека во терористичкиот напад кој се случи утрово пред зградата на полициската управа, загина еден полицаец а ранети се четворица полицајци и двајца цивили.