Mustafa Melih Ahıshalı
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, истакна дека постои поделба меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и европските земји, и дека треба да се искористи оваа прилика, јавува Anadolu Agency (AA).
Зариф, во своето обраќање пред присутните на состанокот во Техеран на кој учествуваа амбасадори и претставници на приватниот сектор, нагласи дека САД, коишто ги нарече зависник од санкции, ќе разберат дека ова нема да донесе корист.
Иранскиот министер истакна дека нема намера да создаде поделба меѓу САД и Европа. „Но постои поделба, и можеме да го искористиме тоа“, додаде Зариф.
Според Зариф, САД постојано се изолираат на меѓународната сцена, и нагласи дека санкциите кои ќе се спроведуваат против неговата земја се против Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).