Enes Kaplan
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Во тек се завршните состаноци на маргините на 10. Самит на земјите членки на БРИКС во Јоханесбург, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот ќе заврши со средбa на министрите на земјите членки на БРИКС во рамките на панелите за Африка и другите региони. Меѓу присутните е и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ќе присуствува на работниот состанок на БРИКС.
Во главниот град на Јужноафриканската Република, Јоханесбург, со расправата за сè посилните меѓународни трговски војни пред три дена беше отворен 10. Самит на земјите членки на БРИКС.
БРИКС е унија на земји со брза растечка економија, која ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Оваа година на Самитот како гости се поканети турскиот претседател Ердоган и лидерите на неколку африкански земји.
Инаку, членките на групата БРИКС претставуваат повеќе од 40 отсто од светската популација.