Esat Fırat
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - По петочната молитва во комплексот Ал Акса, израелската полиција со солзавец и звучни бомби ги нападна верниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици израелски војници пред комплексот Ал Акса досега ранија двајца Палестинци.
Израелската полиција, за време на нападот фрли звучна бомба на местото на коешто беа засолнати Палестинците и ги затвори влезовите.
Додека полицијата се обидуваше да го испразни комплексот Ал Акса, Палестинците реагираа со фрлање средства за огномет.
Врз основа на одлуката што ја донесе израелскиот Кабинет за безбедност, минатата година на 25 јули беа отстранети детекторите поставени на влезовите од комплексот Ал Акса.
Комплексот Ал Акса се простира на 15 % од површината на старото јадро на Ерусалим (Кудс), кое денеска е под окупација на Израел и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот.