Enes Duran
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
АНКАРА (АА) - Истанбул од јануари до јули го посетија 5.704.702 странски туристи, соопшти турското Министерство за култура и туризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Истанбул, кој е познат по дворецот Топкапи, Аја Софија, Моминската кула и други знаменитости, е еден од најпосетените градови во светот.
Податоците покажуваат дека во јули оваа година, Истанбул го посетиле 1.319.549 туристи, што е за 42,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Градот на Босфорот во првите седум месеци оваа година го посетија 6,3 отсто повеќе странски туристи во однос на истиот период минатата година.
Најмногу посетители имаше од Германија (538.945), а следуваат Иран (427.018) и Саудиска Арабија (294.401).