Elena Teslova
29 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
МОСКВА (AA) - Русија и Турција постигнаа договор за преземање на наредни чекори во Сирија, нагласи дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
На денешниот состанок во Москва на кој присуствуваа високи руски и турски функционери на министерствата за надворешни работи и одбрана и претседателски советници, разговарано е за три главни теми поврзани за сирискиот мировен процес.
„Главни теми на состанокот беа изнаоѓање на решение за хуманитарни прашања, вклучувајќи репатријација на бегалците, состојба на теренот по повлекување на силите на САД и покренување на политички процес", истакна Чавушоглу и додаде:
„Се договоривме околу тоа на кој начин војните претставници од Русија и Турција ќе продолжат да ги координираат своите чекори на теренот во новите услови со цел конечно искоренување на терористичката закана на сириско тло."
Лавров додаде дека и Турција и Русија уште еднаш го нагласија безусловното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
„Друго, предвидени се конкретни мерки за интензивирање на нашата заедничка работа со цел содавање на услови кои ќе овозможат што повеќе бегалци се вратат во своите домови. Трета тема беше политички процес. Покренати се од страна на земјите кои се гаранти на платформата од Астана и доби дополнително поттикнување благодарејќи на Конгресот на национален дијалог во Сочи. Русија, Турција и Иран направија се што ветија за да го формираат Уставниот одбор, за кој се очекува дека ќе започне со работа кон почетокот на нареднаа година во Женева", рече Лавров.
Покрај Лавров, на состанокот во Москва присуствуваа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, шефот на разузнавачката служба (МИТ) Хакан Фидан и Ибрахим Калин, портпарол на кабинетот на претседателот на Турција, како и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Валери Герасимов, началник на рускиот Генералштаб, Акександер Лаврентиев, амбасадор на рускиот претседател за Сирија и Јури Ушаков, советник на претседателот на Русија.