Barry Ellsworth
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ТРЕНТОН (АА) - Лидерите на Г7, група на најзразвиените земји во светот, го осудија режимот на сирискиот претседател Башад ал Асад поради употребата на забрането хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштението во име на лидерите на Г7 го објави канадскиот премиер и овогодишниот претседател на групата Г7, Џастин Трудо.
„Ние, лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ, сме обединети во најостра осуда за употребата на хемиско оружје во нападот кој на 7 април се случи во сириска Дума“, се наведува во соопштението.
Лидерите на групата Г7 ги поддржаа нападите кои САД на 13 април ги предводеше во Сирија.
„Целосно ги поддржуваме сите напори што ги прават САД, Велика Британија и Франција во правец на редуцирање на капацитетите на Асадовиот режим со цел да не ги повтори нападите со хемиско оружје. Одговорот беше ограничен, пропорционален и потребен. Извршен е откако се исцрпени сите дипломатски капацитети“, се наведува во соопштението.
Лидерите на седумте најразвиени земји на светот се согласни и во неоходноста од вложување додатни напори за дипломатско дејствување во правец на решавање на сириската криза.