Safvan Allahverdi
17 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Според предлог-буџетот за фискалната 2019 година, Пентагон бара средства за вооружување на 65.000 припадници на силите-партнери на САД во Сирија, вклучувајќи ја и терористичката организација ПЈД/ ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во предлог-буџетот поднесен за одобрување до американскиот Kонгрес во месец февруари, Пентагон бара 300 милиони долари за вооружување и опремување на своите партнери во Сирија за борбата против ДЕАШ.
Исто така, побарани се и 250 милиони долари за изградба на „гранична безбедност“ во Сирија.
Целокупниот извештај - Барањето за прекуокеански непредвидени операции за фискалната 2019 година (OCO), до кое дојде АА, ја покажува подготвеноста и желбата на американската администрација за вооружување и опремување на 30.000 лица за спроведување на тековни борбени мисии против ДЕАШ во долината на средното течение на реката Еуфрат и 35.000 „Сили за внатрешна безбедност“ во ослободените области низ целата земја.
„За да се постигнат американските воени цели, генерацијата на партнерски сили во Сирија ќе се состои од локални сили кои се демографски репрезентативни, соодветно проверени, обучени и опремени за да обезбедат сигурна и безбедна средина и да можат да му се спротивстават на ДЕАШ“, се вели во предлог буџетот.
Според предлогот, Пентагон планира да одвои 162,6 милиони долари од 300-те милиони за оружје, опрема и возила, 8 милиони долари за основна животни средства и основни хуманитарни потреби, 28 милиони долари за транспорт и трошоци за распоредување и 101,5 милиони долари за оперативна одржливост.
Оружјето што се планира да се испрати вклучува 25.000 автоматски пушки АК-47, 1.500 лесни митралези, 500 тешки митралези, 400 ракетни лансери RPG-7, 95 снајперски пушки, 20 минофрлачи од 60mm и 60 минофрлачи од 120mm.
Заедно со вкупните трошоци од 47 милиони долари, Пентагон, исто така, побара дополнителни 24 милиони долари за соодветна муниција за ова оружје.
САД ја поддржауваат ПЈД/ПКК, која е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која води над 30-годишна терористичка кампања против Турција што резултираше со десетици илјади жртви.