Adem Koç
30 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во неколку делови на Истанбул, а најтешка е ситуацијата во подрачјето на Бејкоз, на азискиот брег на Босфорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека станбените објекти, училиштата и деловните простории во центарот на Бејкоз останале под вода откако од коритото се излеа локалната река.

Водените наноси брзо ги поплавија улиците, а мештаните во текот на евакуацијата покажаа завидно ниво на солидарност, помагајќи им на сограѓаните.
Буицата ги оштети мостовите, улиците и посевите на полињата.

На терен се надлежните служби кои им помагаат на жителите од загрозените подрачја.

Мештаните со чамец од водената буица го спасија и песот Леа, а видеото брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.