Soner Kılınç,Şimal Müldür
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
ШИРНАК (АА) - По активирање на експлозивна направа, поставена од членови на терористичката организација ПКК во Силопи на југоистокот од Турција, загина едно дете, а три се потешко ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локални извори, се дознава дека во моментот на детонацијата на експлозивната направа поставена од членови на терористичката организација ПКК, четири деца на возраст од осум до 13 години си играле покрај поток меѓу населбите Барбарос и Каршијата во градот Силопи, во областа Ширнак.
Во експлозијата на бомба од рачна изработка, четири деца се потешко повредени, од кои деветгодишниот Енес Ердем почина во болницата во Силопи.
Трите момчиња се задржани на лекување, а припадниците на безбедносните сили поведоа акција за предупредување на граѓаните за постоење опасност од други експлозивни направи поставени од терористите во подрачјето.