Sibel Vezaj
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА)- Премиерот на Косово, Иса Мустафа изјави дека разгледувањето на законот за ратификација на договорот за демаркација на граничната линија меѓу Косово и Црна Гора е повлечена од дневниот ред од страна на Владата на Косово, јавува Anadolu Agencu (AA)
Премиерот Мустфа рече дека денес нема услови за разгледување на овој договор. Тој истакна дека овој договор ќе се разгледува тогаш кога владата ќе оцени дека е соодветен момент за такво нешто.
„Денеска нема услови и не е добра ситуацијата за разгледување и гласање на овој договор. Владата го повлекува законот од дневниот ред и собраниската процедура. Во меѓувреме ќе се обидиме да најдеме заедничко решениа за законот, затоа семтам дека не е во ред да дебатираме за овој закон во време кога имаме притисоци и закани и кога една парламентарна група го условува гласањето на овој закон“ изјави Мустафа.
Тој додаде дека повклекувањето на законот за демаркација на границата со Црна Гора подразбира дека овој закон ќе се ревидира или ќе се преговара за него.
Пред зградата на Собранието на Косово денес се собраа неколку илјади граѓани на протестот кој го организиташе опозициското движење Самоопределување. Тие најавија дека ќе се спротистават и внатре и надвор од зградата на Собранието на донесувањето на спомнатиот договор, со пој според тврдењата на опозицијата, Косово губи околу 8.000 хектари територија. Од друга страна, ратификувањето на договорот е услов за визна либерализација на Косово со земјте од Европската унија.
Безбедносните мерки во Приштина денес се на исклучително високо ниво. Голем број на припадници на специјалните полициски единици ја чува зградата на Владата и Собранието, а во градот на повеќе места се стационирани и блиндирани возила.
Полицијата на Косово соопшти дека утрово во едно депо во Приштина заплени 50 торби со молотови коктели.
Од канцеларијата на Европската унија (ЕУ) на Косово упатен е повик и на пратениците и на демонстрантите за зачувуваање на мирното окружување.