İlhan Toprak
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Турција и Мадагаскар потпишаа четири договори од различни сектори, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и турската делегација се во официјална посета на Мадагаскар, кој е последна станица од посетата на Ердоган во источна Африка.
Ердоган и претседателот на Мадагаскар, Хери Раџаонаримампианинa одржаа состанок, по што следеше церемонија за потпишување договори од дипломатијата, економијата и од други области.
Договорите од областа дипломатија, во име на турската страна ги потпиша министерот за надворешни работи на Турија, Мевлут Чавушоглу, а протоколот за примена на помош, министерот за економија на Турција, Нихат Зајбекџи.
Протоколот за соработка на Турската радиотелевизија (ТРТ) и државната радиотелевизија на Мадагаскар, во име на турската страна го потпиша генералниот директор на ТРТ, Шенол Ѓока.