Besar Ademi,Cuneyt Davut
05 Април 2016•Ажурирано: 06 Април 2016
ПОЛИКАСТРО/ИДОМЕНИ (АА) - На грчка територија околлу 50 илјади бегалци продолжуват да бидат блокирани. Почнувајќи од грчко-македонскиот граничен премин до Солун, на бензиските пумпи и селата во близина на главниот автопат што ги поврзвува двете соседни земји, се забележуваат илјадници бегалци во шатори, јавува Anadolu Agency (АА).
На бензиснката пумпа во грчкиот град Поликастро, каде се наоѓаат околлу 3 илјади бегалци, стотици бегалци со поставувањето на шатори на главниот автопат веќе три дена по ред го држат блокиран главниот автопат. Тие бараат помош од Германија и канцеларката Ангела Меркел за да им се овозможи да го продолжат патотот кон Европа, бидејќи како што велат, умираат полека.
Од друга страна, на грчко-македонскиот граничен премин, во кампот на Идомеи каде се наоѓаат околу 12 илјади бегалци, илјадници од нив, повеќе од три недели ја држат блокирана меѓунардната железница што ја поврзува Македонија и Грција.
Грчите власти постојано повикуваат да се повлечат бегалците од кампот во Идомени поради нивниот преголем број и лошите услови за живот, но бегалците со надеж дека еден ден ќе се отварат границите одбиваат да се транспортираат во други кампови, каде ќе им се овозможат подобри услови за живот.
Во Брисел на 18 март оваа година, Турција и ЕУ се договорија да работат на спречување на нелегалната мигранција и криумчарењето на луѓе. Според почетната процедура од 4 април, Турција ги прифаќа бегалците за кои ќе се докажуве дека од Турција преминале на грчките острови.
Ќе се спроведе постапка за враќање на оние кои не се од Сирија во нивните земји, додека Сиријците ќе бидат сместени во кампови во Турција, а за секој Сиријец вратен и регистрирани во Турција, еден сиријец од Турција ќе биде испратен во земјите на ЕУ. Бројот на сириските бегалци, кои ќе бидат разменети во првата фаза, се очекува да изнесува 72 илјади. Трошоците за реадмисија и размена ќе бидат на товар на ЕУ.