Besar Ademi,Cuneyt Davut
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Бегалците блокирани во селото Идомени, коe се наоѓа на грчко-македонскиот граничен премин ова утро масовно се собраа да го изразат својот револт против затворањето на границите на т.н Балканска рута, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчките власти бараат од нив да го напуштат Идомени и да се префрлат во други кампови од каде што потоа ќе аплицираат за програмата на Европската унија за релоцирање на бегалците, но повеќето од бегалците не ѝ веруваат на оваа програма и одбиваат да го напуштат Идомени.

Тие се надеваат дека еден ден границата ќе се отвори и велат дека ако се префрлат во други кампови Европа ќе ги заборави и нема да се грижи за нив.
Поради тоа, тие од понеделникот во знак на протест ја блокираат меѓународната железничка пруга, но ова утро бројот на демонстрантите значително се зголеми.
Во меѓувреме, бројот на грчките полициски сили во Идомени продолжува да расте, со цел да ги задржат бегалците далеку од оградата подигната од страна на македонската армија. Во првите редови на демонстрантите, кои се оддалечени 150 метри од оградата, се наоѓаат луѓе со посебни потреби и деца.