Tuba Şahin
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Стапката на пополнетост на хотелите во Турција минатиот месец достигнала 74,9 отсто“, објави денес Асоцијацијата на хотели на Турција (TÜROB), јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Асоцијацијата базирани на истражувањето спроведено од страна на компанијата за податоци и анализа „STR Global“, бројката пораснала за 7,1 отсто во јули, споредбено со истиот месец минатата година.
Просечната дневна стапка по пополнетост на соби, исто така, пораснала, и тоа за 11,9 отсто, достигнувајќи 87,9 евра (103 долари) за време на истиот период.
Во првите седум месеци од годината, стапката на пополнетост на хотелите и остварениот приход по соба во Турција порасна за 15,7 отсто, односно за 25,2 отсто. Така, Турција го има најголемото зголемување од сите европски дестинации.
Се истакнува дека стапката на пополнетост на хотелите во Истанбул, најголемиот град во Турција според популацијата, забележа пораст од 8,7 отсто и достигна речиси 80 отсто, благодарение на туристите од земјите од Блискиот Исток.
Стапката во медитеранскиот туристички град Анталија, исто така, се зголеми на 76,9 отсто минатиот месец, во споредба со 73,3 отсто во јули 2017 година.