Halil İbrahim Sincar
14 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
МАРДИН (АА) - Тројца припадници на терористичката организација ПКК се фатени недалеку од турскиот град Мардин, во обид на илегален начин да преминат од Сирија на територијата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, припадниците на Разузнавачката служба на Турција (МИТ) и полициските сили извршиле акција на турско-сириската граница.
Во акцијата се фатени тројца припадници на ПКК, маж и две жени, кои се обиделе илегално да влезат на територијата на Турција.
Во тек е криминалистичка обработка на уапсените, а се дознава дека станува збор за терористи што ја поминале обуката за ракување и активирање експлозивни направи, кои имале за цел да извршат терористички напад во центарот на некој од турските градови.