Nuray Tunçay
28 Април 2016•Ажурирано: 30 Април 2016
АНКАРА (AA) - Припадниците на терористичката организација ПЈД, од сирискиот огранок на ПКК, телата на војцниците на Ослободителната војска на Сирија кои страдаа во борбите околу селото Ајн Дакна во северна Сирија, ги натоварија на камион и возејќи ги низ улиците на Африн, ги покажувале на тамошните жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Според известувањата на локалните извори и старешината на Ослободителната војска на Сирија синоќа во селото Ајн Дакна дојде до интензивирање на судирите помеѓу припадниците на терористичката организација ПЈД и борците на Ослободителната војска на Сирија.
Ослободителната војска на Сирија имаше намера да го заземе селото Ајн Дакна, кое од февруари месец оваа година е под контрола на ПЈД, но нападот на борците на сириската опозиција е одбиен.
Припадниците на терористичката организација ПЈД потоа телата на околу 50-тина сиријски војници, во најголем дел локални Арапи, натоварија на камион и ги влечеа низ улиците на Африн, градчето на северот на Сирија.
Еден жител на Африн во телефонска изјава за АА рече дека припадниците на терористичката организација ПЈД формираа конвој од неколку возила, а телата на убиените војници, возејќи ги во камион, ги покажувале на локалното население.
Снимките потоа ги споделиле на социјалните мрежи блиски на терориситчката организација ПЈД.