Tuğrul Çam
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција сериозно ги разгледува тврдењата во врска со грабежите во центарот на сирискиот град Африн.
Чавушоглу беше гостин на уредничкиот колегиум на Anadolu Agency (AA) при што истакна дека Турските вооружени сили и Слободната сириска војска (ССВ) за време на операцијата „Маслинова гранка“ го исчистија центарот на градот Африн.
„Ние - турскиот народ, државата и Владата - сме против сè што е нечовечно“, изјави Чавушоглу и додаде: „Нашите војници и Слободната сириска војска не се терористите од ЈПГ/ПКК“.
Турскиот министер за надворешни работи изјави дека терористичките групи како ЈПГ/ПКК и ДЕАШ извршиле пљачки во Африн за време на нивниот обид за етничко чистење.
Тој рече дека сите поплаки за грабеж ќе бидат сфатени сериозно.
„Кога постојат поплаки за вакво прашање, тогаш мора да ги сфатиме сериозно“, вели тој.
Во врска со соработката со Сoединетите Аметикански Држави (САД) за подрачејто на Мунбич, Сирија, министерот изјави дека администрацијата и безбедноста во подрачјето ќе бидат одредени демографски, откако ЈПГ/ПКК ќе се повлечат од Мунбич.
„Демографијата ќе биде клучен критериум во Мунбич“, изјави Чавушоглу.
Тој истакна дека доколку моделот на Мунбич биде успешно имплементиран, тогаш нема да има потреба од операција во Синџар. Сепак, доколку планот во Мунбич остане неимплементиран, тогаш ќе треба да се направи само една работа: „Да се елиминираат терористите“.
Терористите ќе бидат погодени не само на источната страна од реката Еуфрат, туку, исто така, и во Ирак.
Турскиот шеф на дипломатијата, исто така, изјави дека турскиот претседател и американскиот претседател ќе имаат телефонски разговор во текот на денешниот ден.