Ecenur Çolak
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
НИКОЗИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска во Никозија изјави дека разговорите на Турција и Русија за купувањето на противракетинот систем С-400 се одвиваат успешно, јавува Anadolu Agency (AA).
„Разговорите во врска со С-400 се одвиваат успешно", рече Чавушоглу по состанокот со Мустафа Акинџи, претседателот на Турската Република Северен Кипар.
Истакна дека по потполното завршување на операцијата во сирискиот Ал Баб, следедната цел е ослободување на Рака од терористите на ДЕАШ.
Се осврна на прашањата за борбата против тероризмот, посебно кога станува збор за ДЕАШ.
„Да се делува со терористичка организација како што је ЈПГ-ПКК против ДЕАШ е исто како со змија да спиете во кревет. Затоа од американските пријатели очекуваме новата администрација да не прави тешки грешки како што тоа го правеше претходната администрација", рече Чавушоглу.
Нагласи дека ДЕАШ нема никаква врска со исламот, додавајќи дека најважно е да се одреди вистинска стратегија во борбата против тероризмот.
„Во поглед на Рака би можеле да преземеме одредени чекори со исправни групи и исправна стратегија, а не со групи кои ги направиле етничко чистење за да осврарат лични цели во Сирија", рече Чавушоглу.