Sümeyye Dilara Dinçer
27 Септември 2022•Ажурирај: 28 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Глечерот Јужен Шнефререр на Алпите, што се топи како резултат на екстремните температури во летниот период во Германија, му е одземен статусот „глечер“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Академијата на науките во Баварија се наведува дека во Германија останале само четири глечери.
Германските научници нагласија дека извршените мерења на Јужен Шрефнерер минатиот месец покажале дека глечерот се намалил на полoвина за четири години.
Се истакнува дека поголемиот дел од глечерот е малку подебел од 2 метри и дека веќе на овој глечер му е одземен статусот на глечер.
Експертите предвидуваат дека ледената покривка за 1-2 години целосно ќе се стопи.
Научниците велат дека бројни глечери во Европа ќе исчезнат во наредните години поради климатските промени.