Riyaz Khaliq Khaliq
27 Септември 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес во вселената лансираше три сателити за мониторинг на животната средина, јавува Агенција Анадолија (АА)
Идентификувани како Шијан, што значи „експеримент“, сателитите беа пуштени во нивната орбита околу 7.50 часот по локално време од Центарот за лансирање на сателити „Таијуан“ во северната покраина Шанси.
Домашната ракета „Лонг Марч-6“ ги носеше трите сателити наречени Шијан-16А, Шијан-16Б и Шијан-17 во претходно поставената орбита.
„Сателитиското трио Шијан ќе обезбеди податоци за истражување на земјиштето, урбанистичко планирање и превенција и ублажување на катастрофи“, објави државната Синхуа Њуз.
Денешната мисија беше 440-тиот лет на ракетите од серијата „Лонг Марч“.
Кина вчера лансира уште еден сателит со далечинско набљудување во вселената од Центарот за лансирање на сателити „Ксичанг“ во југозападната покраина Сечуан.