Ekipa
24 Февруари 2016•Ажурирај: 25 Февруари 2016
ВИЕНА (AA) - Австрија сака не само да се намали приливот на мигрантите во Европа, туку и во потполност да се спречи, порача денес министерката за внатрешни работи на таа земја Јохана Мики-Леитер на министерската конференција за заедничкото управување со миграциите, јавува Anadolu Agency (AA).
Австиската министерка на конференцијата за балканската рута на која учествуваа министрите за внатрешни работи на Србија, Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија и Словенија, изјави дека Австрија и понатаму се залага за заедничко решение по прашањето на мигрантите, но дека ЕУ треба краткорочните "национални мерки" додека приливот не застане.
"Важно е, и непходно е да се запре приливот на мигрантите долж Балканот. Потребни ни се мерки кои ќе ги спроведеме заедно со земјите од Балканот", порача Леитер, во изјавата за медиумите.
Бранејќи ги потребите на состанокот австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, изјави дека Грција која не е повикана на министерската конференција "заинтересирана е да ги транспортира бегалците што е можно побрзо во централна Европа".
Грција официјално вложи дипломатски протест затоа што не е повикана на конференцијата за балканската рута, која денес се одржува во Виена на иницијатива на министерката за внатрешни работи на Австрија и шефот за надворешни работи на оваа земја, Себастијан Курц. Грчкото министерство за надворешни работи овој чекор го нарече како "непријателски".
"Низ овој едностран и не баш пријателски чекор кон нашата земја постои обид да се донесат одлуки со одсуство на Грција која ќе има последици по Грција и нејзините граници", нагласи Министерството за надворешни работи на Грција во протестната нота.
Австрија во петок почна со примена на дневните квоти од 80 барања за азил, како и 3.200 бегалци на кои им се овозможува поминување доколку наведат дека сакаат да одат во некоја друга земја. Истовремено и некои од земјите на рутата во која бегалците патуваат кон земјите на западна Европа започнаа да ги заоструваат прописите за нивното поминување преку своите територии, што предизвика домино ефект долж истата рута.
Грција по тој повод ја обвини Австрија да го минира постигнувањето на заедничкото европско решение за кризата, наведувајќи дека овој потег посебно се одрази на Грција каде останаа десетици илјади мигранти и бегалци, а да секојденовно во таа земја пристигнуваат во просек околу 4 илјади нови бегалци.