Cuneyt Davut
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Амбасадорите на Шведска, Норвешка и Данска во Атина ги посетија бегалците од Блискиот Исток кои се наоѓаат во Идомени, на грчко-македонската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Од претставниците на Комесаријатот за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) кои се наоѓаат во кампот, се информираа за моменталната состојба. Во текот на посетата дојде до протест каде што бегалците го затворија патот и им оневозможија на амбасадорите да го напуштат кампот.
Всушност, шведската амбасадорка Шарлот Врангберг, норвешкиот и данскиот амбасадор, Јорн Евген Гелштад и Мишел Брад останаа затворени во шаторот каде што имаа состанок со претставниците на УНЦХР.
Бегалците седеа на патот по кој амбасадорите требаа да го напуштат кампот. На овој начин искажаа негодување во врска со моменталната ситуација кога се бегалците во прашање и бараа отворање на границите. Поради протестот зголемен е бројот на припадниците на безбедносните сили, а амбасадорите во текот на протестот два часа не можеа да го напуштат кампот.
Бегалците негодуваа и поради тоа што функционерите доаѓаат во кампот како туристи да се фотографираат.
Околу 10.000 бегалци се наоѓаат во капмот кај Идомени, без оглед на фактот што границите на Балканската рута се затворени и на повик на грчките властиза нивно преселување во блиското засолниште кое го изгради војската.
Од неодамнешниот договор на ЕУ и Турција со кој се сака драстично ограничување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Европа, во кампот секојдневно се организираат протести.