Zülfiya Yakup
14 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
ПРИШТИНА (AA) - Врховниот суд на Косово ги одби жалбите на одлуката на Изборниот панел за жалби и претставки, гласовите пристинати од Србија да не бидат дел од конечниот резултат на парламентарните избори од 6 октомври, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Врховниот суд на Косово во соопштението доставено до АА, наведе дека во законски рок ги разгледал сите седум жалби поднесени од различни кандидати за пратеници и политички субјекти.
Одбиени се жалби на еден кандидат на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), на една кандидатка на Турската демократска партија на Косово (КДТП), еден пратеник на Либералката партија на Египќаните (ПЛЕ), дваца пратеници на Движењето Самоопределување (ЛВВ) и еден пратеник на Демократската партија на Ашкалиите (ПДА). Жалбата на кандидатот за пратеник на Прогресивно демократската партија е прогласена за недозволена.
Со ваквата одлука, Врховниот суд не прифати ниту една жалба која се однесуваше на одлуката на Изборниот панел за жалби и претставки, со која и е наложено на Централната изборна комисија (ЦИК) од конечниот резултат да повлече повеќе од 3.000 гласови пристигнати од Србија.
Гласовите од Србија се одбиени затоа што стигнале во пакети кои се рачно предадени во централната на Поштите на Косово во Приштина, а не преку поштенските писма како тоа го пропишува законската регулатива за гласање од дијаспора.
Изборниот панел за жалби и претставник (ИПЖП) одлучи во понеделник повторно да се пребројат гласовите од 1.472 изборни места, како и од конечниот резултат на изборите од 6 октомври д се отстранат гласовите пристигнати од Србија.
Потоа, утредента, претседателката на Централната изборна комисија, Валдета Дака, соопшти дека во законскиот рок од 24 часа, не имало поднесени жалби до Врховниот суд на одлуката на ИПЖП, повторно да се бројат гласовиод речиси 1.500 гласачки места, и дека процесот на пребројување на гласовите започнал истиот ден.
Заблагодарувајќи се на отфрлувањето на гласовите од Србија, коалицијата на Социјалдемократската иницијатива, Алијансата Ново Косово и Партијата на правдата, го премина изборниот праг од 5 отсто за влез во Собранието на Косово.