Sibel Vezaj
08 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Членовите на управниот тим за основањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, во Брисел изјавија дека претседателонот на Косово, Хашим Тачи, и премиерот, Иса Мустафа, имаaт донесено одлука за почнување со работа во однос на статусот и основањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме задоволни со финалната одлука на Хашим Тачи и премиерот Мустафа, со што конечно, процесот за формирање на Заедницата е започнат од нула. Ние сме дојдени во Брисел за да ги запознаеме нашите јавни и меѓународни соговорници за визијата на една нова реалност во Косово и за основањето на Заедницата”, се вели во сопштението на Управниот тим.
Во соопштението исто така се вели дека со одлуката на Владата на Косово за основање на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе се создадат предуслови за враќање на илјадници Срби во општините со српско мнозинство во Косово.
„Овој процес ќе го смени Косово засекогаш во позитивна насока, и работите веќе никогаш нема да бидат исти. Како резулатат на оваа одлука, звукот на српскиот јазик и на крилската азбука ќе станат вообичаени, а во Пеќ, Призрен, Ѓаковица и Приштина, српскиот народ ќе биде потполно еднаков во управата и одлучувањето во Косово“.
Управниот тим за основање на Заедницата е составен од Винка Радосављевиќ, Игор Каламар, Дејан Радојковиќ и Светислав Дурлевиќ.