Hatice Özdemir
09 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ИЗМИР (АА) - По состанокот на делегациите на двете земји во Измир вчера, премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу и грчкиот премиер Алексис Ципрас одржаа конференција за медиумите каде истакнаа дека Турција и Грција имаат добри соседски односи, нагласувајќи дека двете земји, исто така, сакаат да ја зголемат трговската размена од шест на десет милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Помеѓу Турција и Грција постојат големи стопански можности, но најважно е тоа што постојат пријателски односи помеѓу двете страни како важен фактор кој ќе помогне во јакнењето на економската соработка. Министерите на двете земји по состанов ќе ја продолжат блиската соработка поради што верувам дека идните генерации ќе градат мостови на пријателство помеѓу двете земји. Размислуваме да работиме заедно на многу важни проекти”, рече Давутоглу.
Нагласи дека делегациите на двете земји разговарале и за потребните чекори со цел постоечката соработка дополнително да се разбуди.
„Во областа на сообраќајот имаме силна волја додатно да ги поврземе двата брега на Егејското Море. Моментално се завршуваат инфраструктурните активности со цел воспоставување на траектна линија помеѓу Измир и Солун. Се надеваме дека со директна линија ќе бидат поврзани двата прекрасни града на бреговите на Егејското Море”, рече Давутоглу, додавајќи дека сакаат да го реализираат и проектот за брз воз помеѓу Измир,Солун и Истанбул.
Нагласи дека во текот на состанокот се разговарало и за бегалската криза која ја потресува Европа, нагласувајќи дека секој бегалец, кој ќе биде приведен, а кој ќе изрази желба, ќе биде испратен од Турција во Европа.
„Бегалците кои ќе бидат приведени во Егејското Море, ќе ги преземе Турција, но во рамките на правата на бегалците оние кои ќе сакаат да влезат во Европа ќе бидат испратени од нашата земја. Така, во Турција нема да има пораст на бројот на бегалци”, рече Давутоглу.
Истакна дека Турција сака да го зголеми обемот на трговската размена со Грција од моменталните шест на 10 милијарди долари.
„Нека се знае дека Турција нема желба ниту намера да води војна со Грција, ниту пак Грција има такви претензии кон Турција. Сите врз основа на историските примери сфативме дека со војување во областа на Егејот никој ништо не добива”, истакна Давутоглу.
Ципрас изјави дека Грција и Турција се решени во рамките на меѓународното право да го спречат влегувањето на илегалните имигранти во Европа.
„Сакаме да направиме чекор со цел со решавање на заедничките проблеми да им обезбедиме поубава и посреќна иднина на нашите народи”, рече Ципрас.
На крајот истакна дека членството на Турција во ЕУ би било од стратешко значење за Унијата, бидејќи со тоа би се зголемил мирот и стабилноста во регионот.
Во текот на средбата на девете делегации потпишан е протокол за соработка помеѓу Anadolu Agency (AA) и Грчката новинска агенција (AMNA).